Побегнатите мигранти на Сицилија вратени во прифатните центри

Од:

Италијанската полиција синоќа соопшти дека во изминатите два дена, две групи од по стотина мигранти побегнале од центрите за мигранти на Сицилија, но оти сите се вратени во прифатните центри.

Претседателот на регионот Сицилија, Нело Мсумеци во разговор со министерката за внатрешни работи Луциана Ломоргезе изрази максимална загриженост поради неподносливата ситуација на Сицилија, постојаното пристигнување на мирантите и стравот дека неконтролираната ситуација може да предизвика тензии и социјални немири.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо изјави дека е „недозволено лицата да се шетаат по островот без контрола бидејќи во Италија се уште постои опасност од ширење на заразата со Ковид-19“, како и дека Владата ќе испрати брод на Сицилија кој ќе биде карантин за новопристигнатите мигранти.

На Сицилија во моментот има околу 800 нови мигранти иако во центарот има слободни места за само 95 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски