Побегнатиот мексикански политичар есктрадиран од Гватемала во Мексико

Од:

Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Веракруз, Хавиер Дуарте (43) кој побегна од земјата во странство, со силна полициска придружба беше вратен во Мексико, откако беше екстрадиран од соседна Гватемала.

Во Мексико, Дуарте беше обвинет за корупција, перење пари и за организиран криминал.

Во октомври минатата година тој поднесе оставка на гувернерската функција, иако одбиваше да ги прифати обвинувањата на Државното обвинителство, но неколку недели подоцна побегна од Мексико.

Шест месеци подоцна, во април годинава, беше откриен и уапсен во еден хотел во главниот гватемалски град, Гватемала Сити, од каде денеска беше и екстрадиран.

Обвинителството на Мексико го товари за грабеж на 645 милиони мексикански пезоси (35 милиони долари) јавни пари од фондовите на државата, што потоа ги распределувал во неколку помали компании.

При претресот на неговиот луксузен ранч полицијата открила колекција од 17 скапи уметнички слики.

Дуарте беше третиот гувернер на некоја од мексиканските сојузни држави, осомничен за криминал, најчесто корупција, кој побегнал во странство.

Во време додека Хавиер Дуарте беше гувернер во Веракруз, оваа сојузна држава беше прогласена за најопасната за новинарите. Дури 17 новинари беа убиени во времето на Дуарте, се до неговото повлекување од функцијата.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Се урна балкон во ноќен бар во Мексико, има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Екстремно жешко во Мексико, десетици мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Топлотен бран во Мексико: Мртви мајмуни паѓаат од дрвја

(ВИДЕО) Голема несреќа во Мексико: Силен ветер ја сруши бината на предизборен митинг, има мртви

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски