ВИДЕО: Победа на Сандерс на изборите за претседателски кандидат во Невада

Од:

Во Невада вчера се гласаше на партиски собранија (какуси) за избор на претседателски кандидат на Демократската партија и според повеќе од 20 отсто од преброените гласови победник е сенаторот од Вермоент Берни Сандерс со освоени 46 отсто од гласовите.

Со оваа победа тој ја потврди улогата на фаворит во трката за номинација претседателски кандидат кој на изборите в ноември ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп.

На второ место е е поранешниот потпретседател Џо Бајден со 24 отсто освоени гласови, додека на трето е поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиќ, со 14 отсто од освоените гласови.

Овие избори се трети по ред, по какусите во Ајова и прајмерис во Њу Хемпшир.

За разлика од овие две сојузни држави, каде претежни живее бело население, во Навада околу 50 отсто он населението е бело, а другата половина се афроамериканци, латиноамериканци и население со азиско потекло.

Сандерс, прокламиран демократски социјалист, апелира токму кон овие малцински групи, и претежно кон новите генерации Американци.

-Во Невада собравме коалиција од повеќе генерации и раси која не само што ќе победи овде туку ќе ја преплави и земјата, порача синоќа Сандерс на митинг во Сан Антонио, Тексас.

Според најновата анкета на „Волстри журнал“ и „Ен-би-си њус“, Сандерс е лидер и на национално ниво, уште четири кандидати се борат за второто место. За Џо Бајден, Мајкл Блумберг (тој не учествува на какусите во Невада) и за Елизбет Ворен спремни се да гласаат по околу 14 отсто од демократите во Небада, 13 отсто од гласачите претпочитаат да гласаат за Пит Бутиџич, додека 7 отсто, се за Ејми Клобучар.

Следната станица на демократските избори е Јужна Каролина, каде в саботе ќе се гласа за избор на претседателски кандидат.

Потоа на 3 март ќе се гласа во вкупно 14 сојузни држави како Калифорнија, Тексас или Колорадо, и многумина од кандидатите кои се борат со Сандерс, како њујоршкиот милијардер Мајкл Блумберг, сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен и Бајден, се надеваат на пресврт за време на таканаречениот „супер вторник“. Тогаш се добива најголем број на делегати за партиската конвенција во јули кога се номинира претседатескит кандидат.

Сандрес засега има освоени најмногу делегати, вкупно 34, Бутиџич има 23, додека Ворен е со осум освоени делегати. Сенаторката Ејму Клобучар има седум а Бајден има вкупно шест. За добивање на номинацијата потребни се 1,991 делегат.

Би можело да ве интересира

Американска помош од заштитни средства за албанските бели мантили

А1он

Федералните резерви на САД обезбедија 2,3 трилиони долари за поддршка на економијата

А1он

Уште 6,6 милиони Американци бараат надомест за невработеност

А1он

Почина Линда Трип која ја откри аферата на Клинтон и Левински

Ана Ололовска

Пет ракети погодија американска база во Авганистан

Ана Ололовска

Американски научници: Ковид-19 нема да исчезне со затоплување на времето

Ана Ололовска