По твитот на американскиот претседател Трамп цената на нафтата се зголеми

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во сооштение на Твитер укажа дека Русија и Саудиска Арабија може да постигнат договор околу цените на нафтата.

„Тукушто разговарав со мојот пријател Мохамeд бин Солмaн, кралски престолонаследник на Саудиска Арабија, кој разговарал со претседателот Путин, и се надевам и очекувам дека тие ќе скратат приближно 10 милиони барели, можеби многу повеќе, што ако се случи ќе биде одлично за индустријата за нафта и гас“, напиша Трамп.

По соопштението, цената на нафтата од типот „Брент“ се зголеми за 46 отсто и денеска на берзите постигна највисоко ниво од 36.29 долари за барел.

Цената на американската лесна нафта (ВТИ) исто така порасна, но за 24.8 отстсо достигнувајќи максимални 25.67 долари за барел.

Неможноста да се постигне договор за кратење на производството на нафта меѓу Русија и Саудиска Арабија доведе до ценовна војна меѓу двете земји, со што цената на нафтата во изминатиот период достигна рекордно ниски вредност, невидена уште од 1991 година.

Би можело да ве интересира

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај