По серијата протести во Кина, во Токио организирани анти-кинески собири

Од:

По масовните анти-јапонски демонстрации во Кина, кои ги предизвикаа спорните острови, за кои двете земји тврдат дека се нивни, анти-кинески протести сега се одржуваат на улиците на главниот град на Јапонија.

Демонстрантите денеска маршираа пред кинеската амбасада во Токио. На демонстрациите можеа да се видат голем број на анти-кинески транспаренти, на еден пишуваше: “Никогаш да не им се попушти на терористите од Пекинг”, додека вториот ги изедначуваше кинезите со нацистите.

Сепак, за разлика од големите анти-јапонски протестите во градовите низ цела Кина, за контра-протест во Јапонија се собраа релативно мал број луѓе. The Wall Street Journal објави се дека собрале само 50-ина луѓе.

Поради големите анти-јапонски протести во Кина, некои јапонски компании како Тојота, Хонда, Панасоник и Канон, претходно оваа недела ги затворија фабриките и продажните места поради страв од понатамошни напади.

Некои критичари сметаат дека масовните протести во Кина се поттикнати од власта. Кинескиот дисидент Аи Веивеи, ги коментираше актуелните случувања за ЛА Тајмс. “Јасно е како е ова испланирано. Последен пат кога луѓето сами се организираа, владата испрати тенкови на нив”, рече Веивеи, а се однесува на демонстрациите во 1989 година на плоштадот Тјенанмен.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски