По серијата киднапирања кинески државјани во Африка, Пекинг предупредува да не се патува во ризични области

Од:

По серијата киднапирања на кинески државјани во Африка, Министерството за надворешни работи во Пекинг ги предупреди кинеските граѓани и фирмите кои работат на континентот да не патуваат во некои од поризичните области, јави ДПА.

Повикувајќи ги оние што се наоѓаат во опасните места да заминат што е можно поскоро, портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан денеска пред новинарите потврди дека пет кинески државјани биле киднапирани во Демократска Република Конго.

Киднапирањата се случиле за време на напад на рудник за злато во селото Мукера во источно Конго, рече Жао, додавајќи дека во друг неодамнешен инцидент во Нигерија, биле киднапирани и тројца кинески вработени.

Имаше „големи безбедносни ризици“ во Нигерија и Конго, нагласи Жао, а ниту овие инциденти не се први од ваков вид. Кинеското Министерство за надворешни работи, амбасадите и конзулатите претходно ги советуваа своите државјани да не одат во области со висок ризик, рече тој.

Кина значително ги зголеми своите инвестиции во рударската индустрија во Африка во последните години, што исто така доведе до растечко локално незадоволство кон богатите кинески вработени кои работат во земји како што е богатиот со ресурси Конго, каде животниот стандард е исклучително низок.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов