По самоубиството на лекарката Келермајр, Германија најави борба против дигиталното насилство

Од:

Портпаролот на германската Влада денеска изјави дека посебно важно е да се осудат заканите и насилството, посебно против медицинскиот персонал.

Неговата изјава уследи откако 36-годишната лекарка Лиза-Марија Келермајр во петокот беше пронајдена мртва во нејзината амбуланта во Горна Австрија. Келермајр јавно се залагаше за вакцинирање против Ковид-19 и често се појавуваше во медиумите. Таа пред смртта потврдила дека добивала смртни закани и дека била подложена на малтретирање.

Портпаролот на германската Влада посочи дека германските власти соработуваат со нивните австриски колеги во истрагата. Тој, исто така, посочи дека Берлин е решен да се бори против „дигиталното насилство со сите уставни средства и моќта на законот“.

Германските обвинители во Баварија потврдија дека испрашуваат лице, за кое се сомневаат дека им се заканувало на лекари. Станува збор за маж од Баварија кој, според медиумите, и се заканувал на Келермајр преку електронска пошта со тортура и убиство.

Семејството на Келермајр, која изврши самоубиство откако беше цел на теоретичарите на заговор Ковид-19 и активисти за антивакцинација, побара да се изврши обдукција.

Портпаролот на јавното обвинителство во градот Велс во Горна Австрија денеска изјави дека властите немаат нови информации, но ќе ги исполнат барањата на нејзините роднини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година