По посетата на Вашингтон Меркел ќе се сретне и со Путин

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел која што утре ја започнува посетата на САД во рамки на која ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на Мај ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин јавуваат германските медиуми.

Посетата која како што известува дописникот на МИА од Берлин треба да се случи на 2 мај ја најавил рускиот претседател Владимир Путин на средбата со премиерот на покраината Баварија Хорст Зехофер која денеска се одржала во Москва.

„Поздравете ја многу федералната канцеларка. Ние ја очекуваме посетата на госпоѓа Меркел на 2 мај“, рекол Путин на средбата со Зехофер.

Засега за средбата меѓу Путин и Меркел нема официјална потврда од германската влада.

Лидерот на Христијанско – Социјалната Унија (ЦСУ) која што е сестринска партија на ЦДУ на Меркел во Москва замина со делегација од 60 политичари и бизнисмени со цел да го обнови наришените економските односи меѓу Баварија која што е најбогат регион во Европа и Русија. Захофер во Москва разговарал и за состојбата во Украина и можноста за намалување на тензиите во источна Европа.

Зехофер и Меркел иако блиски политички партнери имаат различни ставови за санкциите кон Русија. За разлика од канцеларката која што инсистира на цврстина во односите со Русија баварскиот лидер смета санкциите треба да бидат укинати до крајот на годинава и дека голем број од конфликтите во светот не може да бидат надминати без Москва.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта