По ослободувањето на Херсон, првиот хуманитарен конвој на ОН пристигна во градот

Од:

Првиот хуманитарен конвој на ОН пристигна во ослободениот украински град Херсон, јави денеска ДПА.

Конвојот достави храна, вода за пиење, средства за хигиена, кујнски прибор, постелнина и соларни светилки за околу 6.000 луѓе, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарна помош.

Болницата во Херсон добила лекови и други медицински материјали за лекување на околу 1.000 пациенти.

Според украински извори, 80.000 од поранешните 280.000 жители се останати во градот.

Градот страда од недостиг на вода за пиење и електрична енергија, како и од недостиг на храна, додека болниците немаат лекови.

Во следните неколку дена се очекува да пристигнат уште хуманитарни конвои. Над 12.000 луѓе веќе добија помош во околните села кои претходно беа ослободени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски