По нападите во Брисел ФБИ се координира со белгиските власти

Од:

Високи американски воени и правосудни претставници се информирани за нападите во Брисел, а ФБИ веќе почна координација со другите американски безбедносни агенции и со белгиските власти, изјавија денеска американски претставници, цитирани од британските медиуми.

Министерот за одбрана Аштон Картер и претседателот на Советот на началници на штабови на американската армија, генерал Џозеф Данфорд, се запознати со ситуацијата, изјавија изворите.

Министерот за правда и главен обвинител Лорета Линч, исто така, е информирана за експлозиите, изјави претставник на Министерството за правда.

Според него, министерството и ФБИ ги усогласуваат своите напори со другите американски агенции и со белгиските власти.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он