По вчерашната одлука на тајландското Национално законодавно собрание да ја прогласи виновна последната премиерка Јинглук Шинаватра за виновна и со тоа да и го суспендира правото на политичка активност во следните пет години, уследи и соопштение на јавното обвинителство дека на Шинаватра ќе и суди и врховниот суд во одделот за криминал.
Шнаватра ќе биде обвинета за занемарување на службената должност и овозможување на корупција во скандалот со субвенциите за производителите и трговците со ориз во кој, наводно, државата е оштетена за над 20 милијарди долари.
Позитивната одлука за импичмен и покренувањето обвинение, иако до одлуката за суспензија на Шинаватра обвинителството тврдеше дека нема доволно докази, предизвика остри реакции во странство, но и во државата.
И покрај цензурата во медиумите денеска се пренесуваат мислења дека воената хунта претерала во настојувањето кланот Шинаватра да го исфрли од тајландската политика. Впечатливоо е мислењето на еден од водачите на „Црвените кошули’’ Сомбат Бунгам, кој вели дека импичментот бил лоша шега направена од Националното законодоавно собрание кое е именувано по налог на воената хунта.
Осудата на работата на политичка фигура избрана на регуларни избори од страна на тело што го инсталираше воената хунта сеуште предизвикува внимание во светскиот печат, а повеќето коментатори заклучуваат дека ова ја продлабочува политичката криза во Тајланд.