По хаосот што го создаде во Куба, ураганот Јан ѝ се приближува на Флорида

Од:

Жители на Флорида од брегот на Мексиканскиот залив ги напуштаат своите домови поради доаѓањето на ураганот Јан, пишуваат дел од светските медиуми.

Ураганот се очекува ноќеска, со силни ветрови од 200 километри на час и обилни врнежи дожд.

Над 2,5 милиони жители на Флорида добија предупредување или наредба за евакуација.

Националниот центар за урагани проценува дека Јан, најверојатно, ќе стигне до брегот јужно од Тампа, близу Сарасота, каде песочните плажи и бројните одмаралишта се омилени места на голем број пензионери и туристи.

Бурата од трета категорија веќе ја погоди Куба и го присили населението на масовна евакуација. Куба остана целосно без струја, откако Јан го погоди западниот дел на островот.

Во мрак останаа околу 11 милиони луѓе, информираше Владата.

Во невремето загинаа две лица, десетици илјади луѓе беа евакуирани и оштетени се бројни згради низ целата земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се преврте автобус со работници на Флорида, осум мртви, 45 повредени

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија