По хаосот што го создаде во Куба, ураганот Јан ѝ се приближува на Флорида

Од:

Жители на Флорида од брегот на Мексиканскиот залив ги напуштаат своите домови поради доаѓањето на ураганот Јан, пишуваат дел од светските медиуми.

Ураганот се очекува ноќеска, со силни ветрови од 200 километри на час и обилни врнежи дожд.

Над 2,5 милиони жители на Флорида добија предупредување или наредба за евакуација.

Националниот центар за урагани проценува дека Јан, најверојатно, ќе стигне до брегот јужно од Тампа, близу Сарасота, каде песочните плажи и бројните одмаралишта се омилени места на голем број пензионери и туристи.

Бурата од трета категорија веќе ја погоди Куба и го присили населението на масовна евакуација. Куба остана целосно без струја, откако Јан го погоди западниот дел на островот.

Во мрак останаа околу 11 милиони луѓе, информираше Владата.

Во невремето загинаа две лица, десетици илјади луѓе беа евакуирани и оштетени се бројни згради низ целата земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Флорида не помина предлогот за вклучување на абортусот како уставно право

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен