По Џалалабад и во Асадабад неколкумина убиени откако талибанци отвориле оган кон демонстранти со авганистанско знаме

Од:

Неколку лица се убиени денеска во авганистанскиот град Асадабад откако талибанци отвориле оган кон луѓе кои го вееле националното знаме по повод Денот на независноста, јавуваат западни медиуми, повикувајќи се на очевидци.

Локални медиуми вчера известија за сличен случај во Џалалабад кога талибанците отвориле оган кон лица со авганистанско знаме, при што три лица загинале, а десетина се повредени.

Очевидецот Мохамед Салим вели дека во денешниот протест некое биле застрелани, а некои загинале во стампедо.

– Стотици луѓе излегоа на улиците. Прво бев уплашен и не сакав да одам, но тогаш видов како мој сосед им се придружува и тогаш го зедов знамето од дома и излегов на протест.

Инаку, денеска во Авганистан се одбележува Денот на независноста од Велика Британија. Но, Талибанците денеска ја прославуваат и победата над „арогантната светска сила“, односно САД.

– За серќа денеска славиме годишнина од независноста од Велика Британија. Истовремено, со нашиот џихадски отпор, натеравме уште една светска сила, САД, да пропадне и да се повлече од светата територија на Авганистан, велат талибанските борци.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан