По дводневниот штрајк Ајфеловата Кула денеска повторно е пуштена за посета

Од:

Два дена туристите немаа можност да го посетат најпознатото обележје на Париз заради работничкот штрајк. По вчерашните преговори, управата на Кулата изјави дека без никакви проблеми повторно ќе се отворат вратите. На официјалната веб-страна на Кулата пишува: „Ајфеловата Кула ќе се отвори на Четврток 27ми Јуни, во 9 часот. Ви благодариме за разбирањето.“

Организирана од генералната конфедерација на синдикатите, штрајкот започна во Вторник рано наутро, со што вработените во кулата бараа поголеми плати, како и подобри работни услови.

„Се буниме веќе неколку години за тоа како се управува и оддржува Кулата. Главните лифтови сеуште не се реновирани, како шо ни ветија во 2008, со што резултира во поголеми редици и нестрпливи посетители,“ вели представникот на синдикатот.

Како што соопштија од „Вол Стрил Џрнал“ (Wall Street Journal), компанијата што работи со 300 метарската кула склучила договор со работниците во Среда доцна невечер, но без многу детали за самиот договор.

Во Вторникот и Средата, туристите што стигнаа во главниот град на Франција, стигнаа до Кулата само да ја најдат затворена. Многумина од нив рекоа дека од одамна го имаат планирано својот престој во Париз и се разочарани што нема да можат на да го доживеат најубавиот поглед во Градот на Светлината.

Матеј Тројачанец

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано