По два часа заврши телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го нарече дијалогот со американскиот претседател Доналд Трамп значаен, искрен и многу корисен.

Путин посочи дека Русија е подготвена да работи на договор со Украина, вклучувајќи и прекин на огнот.

– Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази својот став за прекин на непријателствата во Украина, рече Путин.

Москва и Киев мора да најдат компромиси кои одговараат на двете страни, објасни рускиот лидер.

Последен пат двајцата лидери разговараа на 18 март, а тој разговор траеше два часа.

Пред тоа, на 12 февруари разговарале 90 минути.

И двата пати главна тема на разговор беше ситуацијата во Украина.

Интересно е што Владимир Путин денеска се јави од зградата на музичкото училиште на територијата на образовниот центар „Сириус“, што подоцна го потврдија и од Кремљ.

Патем, Владимир Путин и Доналд Трамп секогаш разговараат преку шифрирани, безбедни линии.

Во разговорот учествуваат преведувачи – Путин користи руски, иако зборува англиски, а преговара на својот мајчин јазик.

Трамп потврди дека по разговорите со Путин ќе разговара и со Володимир Зеленски, претседателот на Украина.

Би можело да ве интересира

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“