По четири години заложништво, 11 морнари избегаа од сомалиски пирати

Од:

Единаесет морнари, од кои повеќето Азијци, кои беа четири години во заробеништво на сомалиски пирати, успеале да избегаат и пристигнаа во Кенија, соопшти британскиот полковник Џон Стијд, кој вложуваше напори за нивно ослободување.

Од морнарите, седуммина се од Бангладеш, двајца се од Шри Ланка, еден е од Иран и еден од Индија, соопшти полковникот Стијд, пренесува БТА.

Морнарите успеале да избегаат преку прозорецот на просторијата во коja ги држеле пиратите. Потоа сретнале патрола на безбедносните сили во сомалискиот регион Галмадуг, во северниот дел на земјата. Војската им помогнала и конечно морнарите пристигнале со приватен авион од Сомалија во Кенија, од каде ги придружувал и британскиот полковник.

Морнарите биле држени во ужасни услови.

Тие беа киднапирани во ноември 2010 година од бродот Албедо, кој пловеше под малезиски знаме. Бродот беше киднапиран на 1500 километри од бреговите на Сомалија на пат од ОАЕ за Кенија.

Седум членови на екипажот беа пуштени уште во 2012 година. Минатата година бродот потона и четворица морнари се удавија. Друг морнар бил ликвидиран од киднаперите.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија