По Бугарија и во Индија се палат автомобили во знак на протест

Од:

Индиските работници во средата уништуваа автомобили и фабрики во близината на главниот град Њу Делхи, а ова е само почеток на дводневниот штрајк кој го организираат синдикатите заради порастот на животните трошоци.

Околку 400 демонстранти ги каменуваа фабриките во индустриската зона Ноида која се наоѓа во близината на Њу Делхи. Десетици автомобили се изгорени или оштетени. Насилството изби и во други делови на земјата, особено заради порастот на цената на горивото. Медиумите пренесуваат дека во градот Амбали кој се наоѓа во северниот дел на Индија е убиен еден синдикалец.

Во голем дел од градовите продавниците и фабриките се затворени, а патниот сообраќај е отежнат. Сепак, Њу Делхи и финансискиот центар Мумбаи се генерално мирни и финансиските пазари работат нормално.Штрајкот следеше по парламентарните расправи по владиниот предлог за буџетот за 2013/ 2014 година.

Индиските официјални лица пренесуваат дека владата планира да ги намали расходите за 10 отсто како би се избегнал падот на кредтниот рејтинг на земјата, иако е свесна дека тоа краткорочно ќе предизвика додатни економски тешкотии.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски