По блокадите и немирите во Гвадалупа официјален Париз испрати засилување од 200 полицајци и жандарми

Од:

По четиридневни блокади на патиштата и пристап до Универзитетската болница во Гвадалупа, што повремено беа просчедени со насилство од демонстрантите против здравствените пропусници и вакцините против Ковид-19, француската Влада денеска го смени односот и и испрати 200 полицајци и жандарми како засилувања, јави дописникот на МИА.

– Тие ќе бидат таму во наредните денови, соопштија во заедничка изјава министрите за прекуокеански држави Себастиен Лекорну и за внатрешни работи Жералд Дарманан, осудувајќи го насилството што се случи во последните часови во Гвадалупа.

Во Гвадалупа не слабее мобилизацијата што ја почнаа синдикални и граѓански организации против здравствената пропусница и обврската за вакцинација на болничкиот и негователскиот персонал.

Таа сега е придружено со насилство извршено од страна на бунтовниците, особено ноќе.

Четири згради во Поант-а-Питр, во која има многу дрвени куќи, изгореа во текот на минатата ноќ, изјавија пожарникарите за француските медиуми.

Во Универзитетската болница единствено може да влезат возилата на брзата помош. Барикадата од гуми што вчераутро беше крената од демонстрантите, од кои повеќето беа со качулки, а бостојано беше демонтирана од полицијата и повторно поставувана од демонстрантите, на крајот беше запалена.

Јавниот обвинител Патрик Дежардин потврди дека вчера бил повреден еден полицаец. Полицијата уапси неколку лица, меѓу кои и пожарникар, кој носел гуми на запалената блокада, како и млад човек кој денеска ќе биде изведен пред обвинителството за фрлање проектили.

Пожарникарите зборуваат за „контекст на урбана герилска војна која сериозно го попречуваше доставувањето на помошта“.

-Сега на барикадите има мешавина од луѓе, многу млади луѓе, лути поради ситуацијата во Гвадалупа. Обврската за вакцинација е капката вода што ја прелеа чашата, вели Маите М’Тумо, генерален секретар на синдикатот УГТГ, кој побара „отворање преговори со владата“.

Би можело да ве интересира

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз