По Авганистан – украинската криза: Нема спокој

Од:

За НАТО, почетокот на 2014 која сега заминува се планираше да помине под знакот на повлекување на војните делови на алијансата и САД од Авганистан, одбележувањето на 65-годишнината од основањето на организацијата, и 10 години од нејзиното проширување со седум држави, меѓу кои и Бугарија. При поготовките за големата средба на врвот на НАТО, се очекуваше да доминираат обични прашања како то се борбата против тероризмот и киберзаканите, поморската безбедност и, се разбира, Авганистан. Но со уште незавршената воена мисија во далечната азиска држава, алијансата несомнено се покажа исправена пред нови неочекувани предизвици кога случувањата во Украина грубо потсетија дека нестабилноста може да се појави и во самата Европа, во непосредна близина на нејзините граници.

Враќање кон суштината

Украинската криза го натера НАТО да се врати кон својата суштина – колективната одбрана со цел да се одврати секој евентуално напад против алијансата, одбележува Франс прес. Освен тоа, по агресивните дејствија на Русија против Украина, оваа година на НАТО му се наложи да одговори и на растечката нестабилност околу нејзините јужни граници – од Блискиот исток до северна Африка, најмногу заради се пожестокиот исламски фиундаментализам и тероризам.

Како одговор на дејствијата на Москва, алјансата ја прекина својата практична соработка со Москва по анексијата на Крим во текот на март. Потоа се усмери да ги успокојува земјите членки соседи на Русија, кои стравуваа да не станат нејзина следна жртва, најмногу откако ги активизираше своите воени вежби во источна Европа.

Всушност, најзрелиот одговор беше воведувањето на Планот за готовност за делување, кој содржи пакет мерки за реагирање при промените во услови на безбедност на границите на алијансата и надвор од нив. Планот во кој Бугарија ќе учествува со конретни дејности и иницијативи, беше донесен на почетокот на септември на сребата на врвот на НАТО во Велс, која со право се најавуваше како најважната и решавачка во историјата на алијансата по крајот на Студената војна.

Се предвидува продолжено присуство на воздушните, копнените и поморските сили и севкупно воено делување во источниот дел на Северноатланскиот сојуз, кои ќе се вршат по ротацијска основа. Значително ќе се засили оперативноста на Силите за реагирање на НАТО во создавањето на тимови на единици способни брзо да се придвижуваат и да реагираат на потенцијални предизвици и закани. За таа цел алијансата ќе создаде Обединета опреративна група со зголемена готовност – нови обединети сили на НАТО со илјада војници, кои ќе бидат способни за се состават за неколку дена како одговор на заканита, најмногу на периферијата на територијата на НАТО. Ќе се направат и повеќе воени вежби со акцент на колективната одбрана. Но за сето тоа не е потребна само воља. Како што истакнаа 28-те членки во својата завршна декларација, „нашата општа безбедност и одбрана зависат од тоа колку средства ќе издвоиме и како ќе ги намениме“. И покрај тоа болно прашање за повеќето земји во услови на продолжена економска криза лидерите на НАТО сепак решија дека треба да се промени тенденцијата на скратување на буџетите за одбрана за поефикасно да се искористат средствата и порамномерно да се распределат финансиските расходи и задолженија помеѓу дрѓавите. Бугарија целосно го подржа ова решение и ќе вложи зголемен ангажман за инвестиции во своите одбранбени способности, изјави претседателот Росен Плевнелиев, кои учествуваше на средбата заедно со министрите за надворешни работи и одбрана во владата, Даниел Митов и Велизар Шаламанов.

Средбата во Велс даде повод на највисоко ниво да бидат решително осудени дејствијата на Русија по ескалацијата на незаконското и воено мешање во Украина, и да биде побарано од Русија да прекине и да ги повлече своите војски од територијата на соседната држава или до нејзинаите граници, се истакнува во завршната декларација. Истовремено, 28-те држави уверија дека дури и ако ги прекинале сите практични воени и цивилни соработки со Москва, тие продолжуваат да држат отворени политички канали за дијалог и дека НАТО не се стреми кон конфронтација и не претставува закана за Русија. Тоа беше неодамна потврдено од новиот шеф на алијансата, Јенс Столтенберг. Тој исто така истакна дека организацијата нема да отстапи од принципите за безбедност и увери дека во Балтичкото и Црното Море во Источна Европа, воените вежби и присуството на алијансата ќе продолжат колку што е тоа неопходно.

Всушност, два месеци по средбата во Велс, Ројтерс повикувајќи се на дипломати во НАТО, јави дека алијансата се соочува со тешкотии при создавањето на новите сили за брзо реагирање заради недостиг од техника и заради спорови околу финансирањето. Ваквата ситуација најверојатно може да се објасни со решението кое беше донесено од министрите за надворешни работи на 28-те членки на почетокот на месецов, за создавање на привремена распределба на тие сили на почетокот на следната година, составено од германски, холандски и норвешки војници. Тие ќе дејствуваат до формирањето во 2016 година на постојаните сили за брзо реагирање, кои ќе можат да се распоредуваат во кризните региони во рамките на 48 часа.

Авганистан – мисијата исполнета

На 8 декември САД и НАТО со официјална церемонија во Кабул ја завршија својата воена мисија во Авганистан, која започна пред 13 години, за смена на владата на талибанците. Неколку дена пред тоа, новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг информираше пред Советот за безбеднст на ОН за успехот на операцијата на Нато раководена од Меѓународните сили за подршка на безбедноста во Авганистан (Исаф). Тој успех сепак имаше голема цена за Нато, за нејзините партнери и најмногу за Авганистан – само оваа година во талибански напади загинале 71 војници од меѓународната коалиција и 4,634 авганистански војници и полицајци. За споредба, близу 3,500 странски војници, меѓу кои и 2,210 од САД, биле убиени на почетокот на операцијата.

Присуството на НАТО во Авганистан нема целосно да заврши со крајот на нејзината воена операција. Таа ќе биде заменета со нова мисија наречена „Решителна поткрепа“, која од 1 јануари започна да советува и обучува авганистански сили за безбедност за борба против талибаннците, кои ги засилија своите тактики со наближувањето на повлекувањето на Исаф. Бугарија учествува со 110 војници во новата мисија, која вкупно ќе брои до 13 илјади странски војници, повеќето Американци.

Крајот на воените дејствија на НАТО во Авганистан дава повод за различни оценки на резултатите од амбициозната операција против тероризмот и за иднината на азијската држава – од претпазливо оптимистички до крајно песимистички. ИСАФ ја постигна својата цел со НАТО, и сега е подготвена да отвори нова страница во своите односи со Авганистан, увери Столтенберг за време на неговата прва посета како шеф на НАТО во Кабул минатиот месец. „Ние ги направивме нашите земји побезбедни откако ги протеравме меѓународните терористи кои го користеа Авганистан како прибежиште од каде ќе се вршат страшни напади. Ние го направивме Авганистан посилен, затоа што му помогнавме да создаде способни сили за безбедност“, рече генералниот секретар, кој вети дека НАТО ќе продолжи со својата подршка за земата. Но тој оптимизам изгледа малку преголем на основа на соопштенијата на светските агенции за зачестените напади на талибанците, кои веќе го искористуваат повлекувањето на странските војски за да си ги повратат изгубените територии.

Иако според НАТО успешно завршил тригодишниот процес на предавањето на одговорноста за безбедноста на авганистанската армија и полиција, локалните сили за безбедност продолжуваат да го чуствуваат недостигот на оружје и техника, а нивната воена способност е далеку под рамништето на меѓународната коалиција. Нешто кое го прави веројатно сценариото за рушење на Авганистан со обидите на талибанците. Дали навистина мисијата е успешна, можеби ќе дознаеме уште следната година.

БТА – Софија

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО