По 50-годишниот бунт ФАРК се состана на конгрес во Богота за да формира политичка партија

Од:

По 50-годишниот бунт и историскиот договор за мир со властите, Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) се „збогуваа“ со воружената борба и одлучија на конгресот, што започна денеска во Богота, да формираат политичка партија.

Конгресот ќе трае до четврток, а во петок, претставниците на ФАРК официјално ќе соопштат дека создале нова политичка сила и како ќе биде именувана.

ФАРК официјалната одлука ќе ја соопшти во центарот на Богота, каде ќе се одржи концерт на плоштадот „Боливар“, во близина на колумбискиот Парламент и претседателската палата.

На конгресот, претставниците на ФАРК ќе ги определат и своите кандидати за парламентарните избори во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он