Стивен Синофски, досегашниот претседател на Windows и Windows Live го напушта Microsoft.
Како инженер и програмер најмногу е заслужен за еволуцијата и унаредувањето на Office алатот, но и за неодамна претставените Surface tablet и SkyDrive servis.
Синофски го биел лош глас дека е тежок за соработка и дека имал многу агресивен пристап кон работата, поради што со него било прилично тешко да се соработува.
Тој не навел некоја посебна причина за таквата одлука, но добро известени извори наведуваат дека причината е се почестите конфликти со луѓето од врвот на компанијата.
Синофски си оди во моментот кога Microsoft е на својата најсилна позиција. Како ова ќе се одрази на компанијата останува да видиме.
Должноста на шеф на Windows оделот, ќе ја превземат Џули Ларсон и Тами Релер, кои работеле на слични работи како и Синофски.