Илон Маск, сопственик на компанијата SpaceX, која се занимава со туристички патувања во вселената, има планови за колонизација на Марс.
Во едно неодамнешно интервју, Илон Маск рече дека планира изградба на огромен вселенски брод кој ќе превезува колонисти на Марс, заедно со разни материјали. Тој додаде дека се надева оти до крајот на годината ќе објави повеќе информации за самиот транспорт, но и за модерните одела кои ќе ги носат астронаутите.
– Транспортот до Марс кој го имам во план ќе биде нешто целосно невидено до сега. Се надевам дека ќе успеам до крајот на годината се детално да ви претставам, рече Маск.