План за Газа пред празниците – дипломатска офанзива на Трамп

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го објави почетокот на втората фаза од неговиот мировен план за Газа до 25 декември, објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на извори во американската администрација.

Според „Аксиос“, американскиот лидер има намера да „го објави влегувањето на мировниот процес во Газа во втората фаза пред Божиќ и да претстави нова структура за управување со енклавата“. Се очекува Трамп да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до крајот на декември за да разговара за овие чекори.

Изворите велат дека втората фаза од планот ќе вклучува повлекување на израелските трупи од Појасот Газа, распоредување на „меѓународни сили за стабилизација“ и почеток на работата на структурите што управуваат со енклавата, вклучително и „Мировен совет“.

„Аксиос“ забележува дека клучниот елемент од првата фаза од планот – ослободување на сите киднапирани од палестинското движење Хамас и враќање на останките од починатите заложници – е речиси завршен.

Според американскиот портал, „Мировниот совет“ ќе вклучува околу десетина западни и арапски лидери, а ќе биде надгледуван од извршен комитет, во кој ќе бидат поранешниот британски премиер Тони Блер, претставникот на американскиот претседател Стивен Виткоф, зетот на Трамп, Џаред Кушнер и „неколку други“.

Би можело да ве интересира

Скај њуз: Документите на ФБИ сугерираат дека Трамп знаел за однесувањето на Епштајн

Трамп: Воведов царини за Швајцарија затоа што не ми се допадна тонот на премиерката

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и се стреми кон распаѓање на ЕУ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кој е креаторот на најжестоките политики на Трамп

Хамас: Не го предаваме оружјето и не прифаќаме странска власт на палестинска територија

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје