Пјонгјанг:„Беспоштедна казна“ за ОН доколку во Сеул се отвори канцеларија на Високиот комесаријат за човекови права

Од:

Северна Кореја им се закани на ОН со „безпоштедна казна“, доколку Високиот комесаријат за човекови права отвори претставништво во Сеул, пренесоа француксите медиуми.

Севернокорејската Комисија за мирно обединување на татковината, што е државна агенција одговорна за меѓукорејските односи, се пожали на претстојното отворање на претставништво на Високиот комесаријат во Сеул и истото го нарече „непростлива провокација“.

Ова претставништво ќе биде „приоритетна цел за изведување напади“, предупреди Пјонгјанг.

Во мај 2014 година ОН соопштија дека ќе отворат таква канцеларија во Сеул, откако истражната комисија на светската организација го објави извештајот во кој злосторствата на Пјонгјанг беа изедначени со оние на нацистите, на апартхејдот и на Црвените кмери.

Во севернокорејски кампови во последните 50 години загинале стотици илјади политички затвореници, изјавија истражителите на ОН.

Се очекува ова претставништво на Високиот комесаријат за човекови права во Сеул да биде отворено следниот месец.

На 22 декември Пјонгјанг беше жестоко критикуван во Советот за безбедност на ОН, на првото заседание посветено на почитувањето на човековите права во Северна Кореја.

САД притоа го обвинија комунистичкиот режим дека неговите граѓани живеат во кошмар, напоменаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета