Пјонгјанг: Подготвени сме за превентивен нуклеарен напад

Од:

Северна Кореја е подготвена да изврши превентивен нуклеарен напад како одговор на провокациите на Јужна Кореја и САД, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ли Су-јонг.

– Како одговор на американската хистерија за поттикнување на нуклеарна војна, ние целосна ја префрливме нашата армија од состојба на одбранбен воен одговор во состојба за можност за ивршување превентивен напад, изјави Ли.

Тој, како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, нагласи дека Корејскиот Полуостров „сега се соочува со дилемата термонуклеарна војна или мир“.

Северна Кореја неодамна ги засили воените активности со извршување на нуклеарни тестови и лансирање ракети, со цел да го манифестира постигнатиот напредок во унапредувањето на своите атомски и ракетни потенцијали.

Заканата на Ли уследи по најавата на американскиот Стејт департмент дека на претстојниот Самит за нуклеарна безбедност, што ќе започне в четврток во Вашингтон, Северна Кореја и нејзината нуклеарна програма нема да бидат централна тема.

– Несоменно ќе има многу дискусии за Северна Кореја, но таа нема да биде централна тема на собирот, изјави американскиот помошник државен секретар за меѓународна безбедност и неширење на нуклеарното оружје, Томас Кантирман.

Самитот во Вашингтон ќе биде трет ваков меѓународен собир, по првиот одржан во април 2010, исто така во главниот град на САД и оној во Хаг во март 2012 година.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ