Северна и Јужна Кореја се договорија за подготвителна средба на 26. ноември

Од:

Северна и Јужна Кореја се договорија да се сретнат на 26 ноември на подготвителни разговори за преговорите на високо ниво, јави БТА.

Предлогот беше упатен од севернокорејскиот Комитет за мирно обединување на Кореја.

Тој предвидува разговорите да се водат во граничното село Панминџон, во демилитаризираната зона.

Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека го прифаќа предлогот.

Обновувањето на преговорите на високо ниво е дел од работите, кои ги договорија двете страни за подобрување на односите по престрелките од страна на Северна Кореја на јужнокорејска териоторија на 25 август.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја