Пјонгјанг до ОН: Сериозна провокација ако дискутирате за состојбата со човековите права во нашата држава

Од:

Северна Кореја го предупреди Советот за безбедност на ОН дека секоја дискусија од тоа тело за состојбата со човековите права во таа азиска земја ќе биде „сериозна провокација“ и дека Пјонгјанг „ќе одговори силно“.

Предупредувањето е во писмото предадено од амбасадорот на Северна Кореја во меѓународната организација Ким Сонг.

Дипломатите нагласуваат дека неколку членови на Советот за безбедност овој месец планираат да побараат состанок за човековите права во Северна Кореја.

Ким во писмото наведува дека таквата средба ќе биде „чин на дослух со непријателска американска политика што води кон поткопување, наместо да помогне во намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров и изнаоѓање решение за нуклеарните прашања“.

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја