Писториус: Путин не е заинтересиран за мир, поставува свои услови и само сака да купи време

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за мир, поставува свои услови за прекин на огнот и само сака да купи време, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

– За жал, Путин сè уште не е сериозно заинтересиран за мир или прекин на огнот, барем не под услови што се прифатливи за другите и очигледно се обидува да купи време, рече Писториус пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ.

Советот за надворешни работи се состанува во вторник во Брисел. Утрово тие се состануваат во формат на министри за одбрана, кои ќе разговараат за воена помош за Украина и зголемување на одбранбените капацитети на Европската Унија.

Попладне, министрите за надворешни работи ќе се состанат за да разговараат за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток. Се очекува министрите да го потврдат 17-тиот пакет санкции против Русија, кој беше договорен минатата недела на амбасадорско ниво.

Министерот Писториус истакна дека Путин не треба да се оценува според она што го зборува, туку според она што го прави.

„Мислам дека тоа ни помага повеќе отколку шпекулирањето за сериозноста на неговите намери“, рече тој.

Тој рече дека завчерашниот напад со руски беспилотни летала, најмасовниот од почетокот на војната, „дава длабок увид во вистинските намери“.

Тој нагласи дека сега е поважно од кога било да се обезбеди континуирана и силна поддршка на Украина

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса