Писмо од татко за својата ќерка која го исфрлила од дома својот геј син

Од:

На Интернет кружи писмото од еден човек до својата ќерка, кој многумина го прогласија за дедо на годината.

Прочитајте го неверојатното писмо каде таткото страствено се пресметува со одлуката на ќерката да се откаже од својот син откако тој и признал дека е хомосексуалец.

Иако не е позната целата позадина на овој случај, се повеќе и повеќе млади луѓе отворено се идентификуваат како припадници на ЛГБТ популацијата, откако ќе наидат на поддршка во нивните семејства.

Прочитајте го писмото на овој Дедо на годината…

Драга Кристина,

Се разочарав во тебе како ќерка. Во право си кога велиш дека срамот ни влезе во куќата, но јас мислам дека си ги згрешила кој го претставува срамот.

Да го исфрлиш Чед од дома само затоа што кажа дека е геј е грозно! Родител кој се откажува од своето дете е против природата!

Единствена интелегентна работа која од тебе ја слушнав во овој случај е дека „ти не си го одгледала својот син за да биде геј“. Секако дека не си. Тој така е роден и тој тоа не го избра токму како што не може да избере ни да биде левак. Напротив, ти си избрала да бидеш преполна со предрасуди и назадна. И така, додека си ти во ситуација да се откажеш од своето дете, мислам дека дојде моментот да ти кажам збогум. сега имам убава можност да го одгледувам својот внук и навистина немам време за својата нечувствителна ќерка.

Ако некаде некогаш го пронајдеш своето срце, јави ни се.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ