По вчерашната експлозија на две писма-бомби во Бангкок, кои предизвикаа полесни повреди на две лица и мала материјална штета, денеска се огласи преодниот премиер на Тајланд, пензионираниот генерал Прајут Кан-ока, кој нареди подетална истрага и зајакнување на мерките за безбедност во главниот град.
Водачот на воениот удар од мај минатата година, кој сега е на чело на преодната влада, побара од граѓаните на Бангкок да пријават ако знаат нешто за сомнителни активности поврзани со правење и испраќање на писма-бомби. Тој додаде дека ќе се зајакнат и мерките за безбедност на владините и други поважни објекти во Бангкок.
Портпаролот на хунтата Винтаи Сувари пред појавувањето на генералот Прајут на прес конференцијата изјави дека се работи за мали експлозивни направи чија цел е повеќе да ги заплашат луѓето од колку да уништат животи и материјални добра.
Никој во Тајланд не се јавил за да ја преземе одговорноста за испратените писма-бомби.