Пирц Мусар: Грешката на ЕУ беше што престанавме да комуницираме со Русија

Од:

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар смета дека Европската Унија треба повторно да воспостави некаков вид дијалог со Русија – барем преку „тивка“ дипломатија предводена од специјално назначен тим, објави Политико.

Пирц Мусар го оцени како грешка тоа што ЕУ престана да комуницира со Русија по почетокот на војната во 2022 година и смета дека комуникацијата треба да се обнови. „Една од грешките на Европската Унија беше што престанавме да комуницираме со Русија“, рече таа.

Пирц Мусар додаде дека ЕУ треба да назначи група „мудри мажи и жени“ за да започне „тивка“ дипломатија со Русија како прв чекор кон директен дијалог.

Пирч Мусар смета дека Европа треба да се фокусира на преговори со САД, Русија и Украина и дека е потребен „дијалог, дијалог, дијалог“, и покрај фактот дека претходните преговори иницирани од САД сè уште не дадоа резултати.

Пирц Мусар изјави дека разговарала за овие прашања со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и дека ѝ било кажано дека се работи на тоа. Таа, исто така, во интервјуто нагласи дека зголемувањето на трошоците за одбрана не треба да влијае на социјалната сфера.

Би можело да ве интересира

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници