Пиратите нападнале уште еден брод во близина на нигериското крајбрежје

Од:

Група пирати упаднаа на брод во близина на нигериска област богата со нафта, соопшти Меѓународната поморска канцеларија ИМБ.

Нападот, според ИМБ, е случил во неделата на околу 55 милји од брегот кај нигериската нафтена област.

Според некои извештаи непознат број странци се киднапирани за време на нападот на бродот „Армада Туах“. Нигериската морнарица не сакаше да даде коментар во врска со нападот.

Овој напад, доколку биде потврден, би требало да биде третото киднапирање за десет дена во близина на брегот во таа област.

Во двоен напад во неделата групата разбојници во дрвен чамец, упаднале на брод вкотвен во пристаништето Лагос и ги ограбиле продавниците на бродот, се наведува во извештајот на ИМБ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он