Пирани изедоа двајца мажи: Паднаа во вода по судар на чамци

Од:

Маж од Бразил бил изеден од пирани по судар на брод на река во Амазон. Џони Хозе Силва да Луз (38) во саботата возел чамец на реката Кујаба кога се судриле два брода со пет лица. Тројца патници се спасени, додека две лица се водат како исчезнати.

Телото на еден маж било пронајдено следното утро со траги од каснување од пирана.

Осакатените останки биле извлечени од водата и ставени на еден од чамците за спасување. Сопругата на жртвата беше една од тројцата преживеани. Патникот од другиот брод, Вагнер Силва, се уште се води како исчезнат и се претпоставува дека е мртов.

Бразилската морнарица соопшти дека испратила тим за пребарување и спасување на местото веднаш штом дознале за несреќата.

– Нуркачите се уште го бараат телото на Вагнер Силва – соопшти морнарицата.

Властите го ограничија пристапот до областа додека трае истрагата.

Во ноември 2021 година, човек (30) бил изеден од пираните откако скокнал во езерото за да избега од рој пчели. Еден човек ловел риба со двајца пријатели на брегот на езеро во Бразил кога биле мета на инсекти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск