Пинкас: Трамп има моќ да го прекине конфликтот меѓу Израел и Иран

Од:

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го прекине конфликтот меѓу Израел и Иран.

Во разговор за Би-Би-Си, Пинкас рече дека Трамп би можел да му понуди на Иран излез од кризата, а воедно да го зачува политичкото достоинство, но дека Техеран во моментов е во послаба преговарачка позиција и затоа има поттик да ги продолжи нападите и да предизвика дополнителна штета на Израел.

„Од друга страна, Трамп би можел едноставно да му се јави на Нетанјаху и да му каже: „Доста – имате 24 часа да го завршите ова“, додаде Пинкас.

Конфликтот меѓу Израел и Иран започна по нападот на Израел врз Техеран во раните утрински часови на 13 јуни, во кој беа убиени најмалку 78 лица, а 329 беа повредени. Потоа Иран возврати со напади врз Тел Авив и пристанишниот град Хаифа, кои однесоа повеќе животи и предизвикаа пустош во двата града.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нуклеарен договор во замена за укинување на санкции, Иран им одговори на САД

ВИДЕО: Договор или многу трауматични последици – Трамп му дава на Иран еден месец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Страшна експлозија го потресе главниот град на Иран

А1он

Трамп го испофали Орбан: Силен и моќен лидер

Трамп го испраќа најголемиот носач на авиони во светот на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Трамп: Херцог треба да се засрами што одби да го помилува Нетанјаху