Пилотите на „Боинг 777“ сакале да се откажат од слетувањето

Од:

Снимката од јужнокорејскиот авион од типот „Боинг 777“ кој при слетувањето удри во пистата, покажува дека пилотите во последен момент се обиделе да го дигнат авионот и да се откажат од слетувањето но не успеале.

Како што пренесуваат американските медиуми, пилотите минута ипол пред ударот и јавиле на контролата дека се откажуваат од слетување, дека ќе направат полукружна маневра, по што повторно ќе се обидат да се спуштат.

Според наводите на „Ројтерс“ пилотот кој што управувал со авионот, ова му било прв лет во „Боинг 777“, иако имал искуство со други авиони.

Генералниот директор на „Ејжана Ерлајнс“ Јун Јунг До рече дека според негови информации дефектот на моторот не е причина за падот.

Британската агенција исто така наведе дека една од двете кинески државјанки кои загинаа, најверојатно е прегазена од противпожарните возила, или од автомобил на Брзата помош.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром