Пич: НАТО разгледува како да го засили своето присуство на Блискиот Исток на политичко ниво

Од:

Прашањето за засилуваее на улогата на НАТО на Блискиот Исток, по повикот од САД, „се разгледува на политичко, а не на практично воено ниво“, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, Стјуарт Пич, отворајќи ја пленарната седница на Воениот комитет на ниво на началници на генералштабови, пренесе Тасс.

-Америкнскиот претседател Доналд Трамп го повика НАТО да го засили своето присуство на Блискиот Исток. Ова прашање се уште се разгледува на политичко ниво од државите членки, рече тој.

Во дневниот ред за деншаната седница на началниците на генералштабовите не фигурира прашањето за засилување на присуството на Алијансата на Блискиот Исток. Расправата на политичко ниво во Алијансата претпоставува изградба на консензус во пактот на ниво на министри за надворешни работи. Дури потоа ќе се донесува политичка одлука, а задачата се става на разгледување од воените старешини.

Пич, исто така, забележа дека Алијансата продолжува да се обидува да го реши прашањето со работата на својата мисија во Ирак за подготовката на ирачката армија. Сите тренинг активности на инструкторите од НАТО во Багдад се замрзнати од безбедносни причини по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американскиот воздушен напад крај Багдад. Некои земји од НАТО избраа под итно да ги повлечат своите војници од Ирак, стравувајќи дека тие ќе бидат цел на одмазднички акции.

-Безбедноста на нашите војници е од клучно значење за НАТО. Остануваме во тесен контакт со ирачките власти и нашите пријатели во САд за прашањето за мисијата на НАТО, рече Пич.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје