Пезешкијан: Иран го осуети планот за копнена инвазија

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Иран го спречил планот странски копнени сили да ја нападнат иранската територија за време на војната со САД и Израел, благодарение на иранските напади и противењето од соседните земји.

– Планот на непријателот во војната бил да ги нападне иранските гранични пунктови и да воведе копнени сили во земјата, изјави Пезешкијан на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека планот пропаднал благодарение на „иранските напади и решителниот став на соседните земји против овој план“.

Пезешкијан рече дека Авганистан и Пакистан објавиле дека никому нема да му биде дозволено да влезе во Иран од нивна територија и да предизвика немири во таа земја, објави Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи