Петрушев: САД планираат воена интервенција во Венецуела

Од:

Соединетите Американски Држави планираат воена интервенција во Венецуела, изјави денеска секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Петрушев.

– Вашингтон планира воена интервенција на независна држава, покажувајќи ароганција кон народот на Венецуела, рече Петрушев.

Според него, распоредувањето воени сили во Порторико, како и праќањето војска во Колумбија, јасно покажува дека „Пентагон го зголемува своето присуство во регионот и само бара причина за операција со која ќе се смени легитимната власт во земјата“.

САД и многу западни и јужноамерикански земји го поддржуваат венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател, додека Русија, Кина и други земји го поддржуваат претседателот Николас Мадуро и се против мешањето во внатрешната политика на Венецуела.

САД побараа седница од Советот за безбедност на ОН за да расправаат за ситуацијата во Венецуела, бидејќи силите на претседателот Мадуро во текот на викендот ги спречија конвоите со хуманитарна помош да влезат во земјата.

Би можело да ве интересира

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е