Петнаесет европски земји го повикуваат Израел да ги смени плановите за повеќе домови за доселеници

Од:

Петнаесет европски држави денеска го повикаа Израел да се откаже од плановите за изградба на нови илјадници домови за доселеници на Западниот Брег, предупредувајќи дека тие „стојат на патот“ на траен мир меѓу Израелците и Палестинците.

„Новите станбени единици би претставувале дополнителна пречка за решението за две држави“, се вели во соопштението на земјите од нивните министерства за надворешни работи.

„Израелските населби јасно го кршат меѓународното право и стојат на патот на праведен, траен и сеопфатен мир меѓу Израелците и Палестинците“, додаваат тие.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел