Петмина загинати во оружен напад во Мексико

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а седум други се повредени во вооружен напад врз членови на Организацијата за самоодбрана на народот, кои се собрале на прес-конференција во мексиканската сојузна држава Мичоакан.

Во нападот смртно настрадале тројца членови на организацијата, еден полицаец и еден случаен минувач.

Портпаролот на Обвинителството на Мичоакан, Алехандро Арелано изјави дека нападот се случил во општинската зграда во местото Рејес од страна на непознати маскирани лица кои „носеле слична облека“.

Според Арелано, напаѓачите отвориле оган три минути откако членовите на организацијата на прес-конференцијата соопштиле дека ќе ги преземат сите обврски на полицијата во местото Рејес.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори