Најмалку пет лица загинаа, а осум други се повредени денеска при уривање на зграда во изградба во предградие на јужноафриканскиот град Јоханесбург.
Претставничката на јужноафриканската служба за вонредни состојби Санти Штајнман изјави дека причините за несреќата засега не се познати.
– Не знаеме што би можело да го предизвика уривањето на зградата. При уривањето загина пет лица, истакна Штајнман.
Таа додаде дека загинатите и повредените „најверојатно се работници на градилиштето“.
Според неа, засега не е понзато ни дали под урнатините на зградата има затрупани градежни работници.