Петмина војници на НАТО загинаа во хеликоптерска несреќа во Авганистан

Од:

Петмина војници од силите на НАТО загинаа во хеликоптерска несреќа во Авганистан, соопшти командата на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во таа земја (ИСАФ).

– Во тек е истрага за откривање на причините. Според првичните податоци во регионот во моментот кога се урнал хеликоптерот имало вооружени судири, се вели во соопштението на силите на НАТО.

Националноста на загинатите војници не е прецизирана. Во јужен Авганистан најмногубројни се американските и британските војници, но има и австралиски војници.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан