Петмина припадници на ИСАФ загинаа при пад на хеликоптер во Авганистан.
НАТО соопшти дека се испитуваат причините за несреќата.
Се уште не е соопштена националноста на загинатите војници. Согласно политиката на НАТО, идентификацијата на жртвите е препуштена на земјите од кои потекнуваат загинатите припадници на ИСАФ.