Петмина војници на НАТО убиени во јужен Авганистан

Од:

Петмина војници од силите на НАТО во Авганистан се убиени во јужната провинција Забул, се наведува во соопштението на меѓународната коалиција, без да се прецизираат околностите за нивната смрт, ниту нивната националност, пренесоа француските медиуми.

Според соопштение на талибанците, петмината војници биле убиени од пријателски оган од хеликоптери на НАТО.

Локален полициски извор прецизира дека војниците западнале во засада на талибанците на враќање од акција. Повиканата воздушна поддршка по грешка удрила врз нивните позиции место врз оние на талибанците.

Во јуни 2013 година силите на НАТО завршија со предавањето на контролата врз безбедноста на земјата на авганистанските сили и од тогаш користат само мисии за обука и поддршка, посебно воздушна.

Според независниот сајт icausualties.org, од почетокот на операцијата на НАТО во оваа земја, во 2001 година, убиени се 3.444 војници на мултинационалните сили.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море