Пет лица, меѓу кои тројца Европејци, се убиени, а осуммина се повредени при напад на ресторан во главниот град на Мали – Бамако, соопштија полициски и медицински извори.
Како што пренесува бугарската агенција БТА, во врска со нападот уапсени се две лица.
Ресторанот бил нападнат од вооружени мажи во текот на ноќта. На самото место загинале двајца државјани на Мали, и еден Французин и Белгиец. Уште еден Европеец починал во болница, но неговата националност не е соопштена.
Францускиот претседател Франсоа Оланд најостро го осуди атентатот, соопшти Елисејската палата и најави дека Оланд ќе се јави по телефон на премиерот на Мали шеикот Модибо Кеита и ќе му вети понуди помош од Франција по нападот.