Петмина полицајци убиени во западно Мексико

Од:

Мртвите тела на пет полицајци биле пронајдени во автомобил во мексиканската општина Зитакуаро, во западниот дел на државата Мичоакан, пренесуваат локалните медиуми.

Полицајците кои биле на служба во општината Тузанта во Мичоакан, биле киднапирани на 4 февруари од страна на неидентификувани лица. Оттогаш се регистрирани како исчезнати.

Обвинителите утврдиле дека полицајците починале откако повеќекратно биле застрелани, пренесува „Екселсиор”. Во близина на нивните тела е пронајдено писмо, но неговата содржина не е објавена.

Два големи криминални синдикати – Ла фамилија Мичоакана и картелот Витези Темплари оперираат во регионот на Мичоакан, кој долго време страда од криминалот поврзан со дрога. Синдикатите, заедно со другите картели, се вклучени во жестока борба за влијание.

Војната против криминалот во Мексико, без преседан во својот интензитет, започна во 2006 година во времето на тогашниот претседател Фелипе Калдерон, кој ги повика единиците на армијата за операции против наркомафијата, ја реформираше мексиканската федерална полиција и објави лов на најозлогласените лидери во мексиканскиот криминален свет.

Наследникот на Калдерон, Енрике Пења Нието, ја продолжи политиката на својот претходник. Под негово раководство, полицијата уби или уапси голем број познати наркобосови, вклучувајќи го и шефот на картелот Синалоа, Хоакин Гузман Лоерс, попознат како Ел Чапо.

Актуелниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во јануари рече дека Мексико ја прекинало војната против наркомафијата во земјата, истакнувајќи дека владата се концентрира на јавната безбедност и на намалување на бројот на убиства, кражби и киднапирања.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори