Петиција за помилување на Едвард Сноуден собра над 100.000 потписи

Од:

Петицијата испратена до американскиот претседател Барак Обама со која се бара помилување на Едвард Сноуден досега собра над 100.000 потписи.

Во петицијата, објавена на сајтот на Белата куќа, поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност (НСА) е наречен „национален херој“. Во неа се наведува дека тој треба веднаш да биде помилуван за сите обвиненија поради објавување на тајни владини програми за собирање на телефонски и интернет податоци.

peticija-snouden

Политиката на Белата куќа е да одговори на секоја петиција, која ќе собере над 100.000 потписи, во рок од 30 дена.

Белата куќа се уште нема соопштено кога ќе даде одговор од своја страна. Администрацијата на Обама веќе започна судска истрага против Сноуден под обвинение за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска