Петарди предизвикаа паника во Белата куќа

Од:

Во дворот на Белата куќа непознат маж фрлил петарди, само неколку часа по пукотниците во зградата на командата на Морнарицата во Вашингтон, во која загинаа 13 лица, меѓу кои и напаѓачот, соопшти американската тајна служба.

Агентите во Белата куќа, откако слушнале звуци на петарди, веднаш наредиле на новинарите да влезат во зградата.

Како што е соопштено, петардите се фрлени преку северната ограда.

Во првите извештаи е наведено дека се слушнале „истрели пред Белата куќа“, за да подоцна е потврдено оти се работи за петарди.

Во видео снимката на која е забележан инцидентот, се гледа како агентите приведуваат еден маж. Портпаролот на тајната служба рече оти мажот е уапсен.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ