Пет лица, меѓу кои и тројца германски туристи, загинаа, а најмалку седуммина други се повредени при активирање на вулканот Мајон во централниот дел на Филипините.
Групата алпинисти била изненадена од ненадејното активирање на вулканот, кој исфрлил пепел и огромни камења.
Локалниот туроператор кој го организирал искачувањето до врвот Мајон во провинцијата Албеи, изјави дека меѓу загинатите се наоѓа и филипинскиот водач на групата.